Како што пренесуваат регионалните медиуми, без струја се поголемиот дел од Далмација и значителен дел од Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги Сараево, Зеница и Бања Лука, како и дел од Албанија.
Поради прекини на мрежата, речиси целата област на Црна Гора е без струја. Операторот ЦЕДИС соопшти дека снемало струја поради прекин на мрежата на Црногорскиот електропреносен систем (ЦГЕС).
Како што пренесуваат регионалните медиуми, без струја се поголемиот дел од Далмација и значителен дел од Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги Сараево, Зеница и Бања Лука.
Днвниот весник Slobodna Dalmacija пишува дека без струја останале Сплит, Шибеник, Омиш, Макарска, Дубровник, Задар и бројни хрватски острови.
Албанскиот весник Gazeta shqiptare”јавува дека без струја останале и бројни градови во таа земја, меѓу кои Тирана, Драч, Скадар, Саранда…
Како што неофицијално се дознава од хрватскиот преносен систем, дошло до дефект на електричната мрежа низ три земји – прво почнало во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација, па сѐ до Риека, наводно до трафостаница Бриње.
Според хрватската службена агенција Hina, никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Се дознава и дека диспечерите во моментов избезумено разговараат меѓу себе, од држава до држава, за да утврдат што се случило и да смислат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето, бидејќи сите се приклучени на далноводи.
Причината сѐ уште не е позната, засега се шпекулира дека потрошувачката скокнала поради високите температури и дека системот во еден момент пропаднал.