Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе ја исклучи од својот тим обвинителката Фатиме Фетаи, пишуваат соросвите медиуми кои известуваат на албански јазик, пишува порталот „Прес24“, повикувајќи се на порталот на лабански јазик „Алмакос“.
Според објавеното, тензиите настанале кога Фетаи подготвила комплетен предмет со обезбедени посебни истражни мерки за функционери на една албанска политичка партија, што би бил прв предмет кој не е против најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.
Во јавноста се коментира дека станува збор за една од партиите кои треба да бидат во коалиција со СДСМ, поради што, Јанева инсистирала предметот воопшто да не се отвара бидејќи може да им наштети на преговорите за коалиција кои што ги води лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Прес24“ ја провериле информацијата во СЈО, а оттаму добиле одговор дека наводно станува збор за дезинформација.
Останува нејасно, зошто ваква информација лиферуваат медиумите кои се финансирани од СОРОС и кои се практично огласна табла на СЈО, пишува „Прес24“.