Објавен е тендерот за првите 2 од вкупно 12,5 километри кои ќе го поврзуваат главниот град на Македонија со границата со Косово, односно изградбата на автопатот Скопје-Блаце.
Парите за нив се обезбедени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, додека остатокот би требало да се финансира со средства од Европската Унија. Изградбата се очекува да започне пред крајот на годинава, а според планираното тој треба да биде готов до 2023 година.
Автопатот ќе биде проектиран за брзина од 100 километри на час и ќе има по две ленти за возење широки 3,5 метри и една за застанување во секоја насока, четири тунели и осум моста и клучка и 2 кружни тека кај селото Блаце и граничниот терминал. Со него патувањето до Приштина ќе се скрати на помалку од еден час.
Во медиумите се вели „многу врева, а малку работа на автопатот Скопје-Блаце“, затоа што не е јасна судбината на останатите 10 километри. Без објавување на конкретен рок, и јасни модалитети за завршување на работите, па дури без да даде точен износ колку ќе чинат овие две километри,
Вицепремиерот Бујар Османи кој денеска се појави на прес-конференција со директорот на Јавни Патишта, Зоран Китанов рече дека неговата работа како координатор е завршена.
„Не е добро и некоректно да се лицитира со датуми во градежништво. Ова ви го велам од искуство, бидејќи непредвидливите работи во текот на изградбата, особено на вакви делници каква што е Скопје- Блаце која поради географската положба се смета за мега проект од аспект на предизвиците со кои треба да се соочиме. Затоа не можам конкретно да кажам кога проектот би завршил. Од денеска динамиката ја одредуваат законските рокови, а не работата на институциите“, рече вицепремиерот Османи.
Делумниот тендер за автопатот според Османи, е направен за да не се губи време. Иако прашањето за времетраењето на работите не му беше поставено, директорот на Јавни патишта за доцнењето се обиде да се оправда со тестирањата на нивото на безбедност на новиот автопат.