-0.2 C
Skopje
среда, јануари 15, 2025

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Основниот суд Скопје 1 Скопје го издаде Решението, а Минитсерст вото за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за осудениот Никола Груевски.

Потерницата веќе е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи. По ова Груевски ќе го бара и Интерпол.

Поранешниот премиер Никола Груевски претходно се бараше на територијата на Република Македонија, а денес со статус на фејсбук објави дека е во Унгарија и дека ќе бара политички азил.

По ова веста официјално беше потврдена и од македонските министерства за надворешни и за внатрешни работи.