Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски, осомничен за убиството на Денис Тот

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.

За убиството на Денис Тот во триесетдневен притвор се една девојка и едно момче. Не е познато дали Анџело Ѓоргиевски ја напуштил Македонија, меѓутоа доколку тоа го сторил, сомнежите на истражните органи се дека тоа би морал да го стори илегално, со оглед на тоа што неговите податоци не фигурираат во официјалните бази на граничните премини.

За Анџело Ѓоргиевски словенечките медиуми пишуваат дека е гонет и за производство на психотропни супстанци, односно дрога која што е позната меѓу посетители во ноќни клубови. Во 2016 година, во Марибор, Анџело удрил во пет паркирани автомобили и избегал од местото на настанот. Кога полицијата го нашла, пронашла и мини фабрика за синтетички дроги.

Фото: Слободен печат