Распишана потерница по Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.

Потерницата е објавена на интернет страницата на Министерството за внатрешни работи.

Перпарим Бајрами (31) се сомничи од полицијат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, за „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ. Артан Груби (47) е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24. Заедно со Груби и Бајрами, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски (50), како и уште пет лица.

За Груби и за Бајрами полицијата распишала меѓународна потерница.