Една од најсериозните безбедносни кризи во Русија почна да се решава со договор лидерот на бунтовничките платенички сили „Вагнер“ да ја напушти Русија, кој нема да се соочи со обвиненија, а неговите сили да се повлечат од јужните руски градови и да го прекинат нивниот марш кон Москва.
Евгениј Пригожин го прекина движењето на своите сили кон Москва откако беше договорено да оди во Белорусија, а неговите сили нема да бидат санкционирани ниту за бунтот.
Пригожин, поранешен сојузник на Путин и основач на приватната војска „Вагнер“, рече дека неговите луѓе пристигнале на помалку од 200 километри од главниот град во саботата.
Во едноминутната ауди-објава Пригожон вели дека единиците на „Вагнер“ кого сакале „да го расформираат“ на 23-ти јуни трнале на „марот на правдата“. Вели дека конвојот, за кој западните медиуми преку свои извори тврдат дека бил од 5.000 борци, за 24 часа дошле на 200 километри до Москва.
„За тоа време не пролеавме ниедна капка крв на нашите борци. Во овој час дојде моментот кога може да се пролие крвта. Поради тоа, сфаќајќи ја целата одговорност дека ќе биде пролеана руската крв од едната страна, ние ги свртуваме нашите конвои и заминуваме во обратна насока во нашите теренески кампиви, согласно плановите“, вели Пригожин во гласовната порака чијашто автентичност не е потврдена досега.
Кремљ објави дека не знае зо што ќе се занимава Пригожин во Белорусија, кој заработи милијарди во зделките со руската држава.
Судирот на шефот „Вагнер“ со руското воено раководство дојде до насилна кулминација во саботата кога неговите сили зазедоа клучен воен штаб во јужна Русија, а потоа се поместуваа кон север за да го загрозат главниот град.
Неколку часа подоцна, Кремљ објави дека тој ќе замине во Белорусија и дека Русија нема да го гони него ниту членовите на групата.
Борците кои не учествувале во директното подготување на бунтот ќе потпишат договори директно со Министерството за одбрана, според законот донесен претходно седмицава, а со кој од 1-ви јули под единствена команда ќе бидат ставени сите автономни доброволечки одреди и борбени формации, кои постојат особено на територијата на проруските региони во Украина формирани по превратот во Киев 2014 година и почетокот на тамошната граѓанска војна.
Тоа беше драматичен ден на настани, кога претседателот Владимир Путин предупреди на опасност од граѓанска војна, Москва ги советуваше жителите да остант во своите домови, а Киев уживаше во хаосот што го зафати непријателот.
Во првите часови кон неделата, „Вагнер“ ги повлече борците и опремата од Ростов на Дон, каде што претходно зазедоа воен штаб, рече регионалниот гувернер. Но, пред да заминат, отокао стотици ги блокираа борците пред штабот, десетици жители на Ростов на Дон скандираа „Вагнер!“ пред воениот штаб што го заземаа на препад ноќта од петокот кон саботата.
Сообраќајните ограничувања остануваат на сила во неделата на главниот автопат М-4 „Дон“ во регионите на Москва и Тула, објави Федералната агенција за патишта на апликацијата за пораки Телеграм.
Властите во јужниот регион Липецк најавија укинување на ограничувањата по претходните извештаи за борци на „Вагнер“ во нивната област, каде што локалниот главен град е на само 480 километри јужно од Москва.
Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека преговарал за примирје со Пригожин, кого лично го познава 20 години, за што Москва му се заблагодарила.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави за новинарите дека „кривичниот случај против него (Пригожин) ќе биде отфрлен. „Тој самиот ќе оди во Белорусија“.
Песков, исто така, рече дека членовите на Вагнер кои учествувале во, како што го нарекоа властите „вооружениот бунт“ нема да бидат кривично гонети.
„Избегнувањето крвопролевање, внатрешниот конфликт и конфликтот со непредвидлив исход беше најважната цел“, додаде Песков.
Песков, исто така, рече дека не знае за каква и да е промена во односот на претседателот Владимир Путин кон министерот за одбрана Сергеј Шојгу, чие заминување го бараше Пригожин.
Киев уживаше во хаосот што го зафати неговиот непријател.
„Пригожин ги понижи Путин, државата и покажа дека повеќе нема монопол на насилството“, објави на Twitter Михајло Подољак, советник на претседателот.
Додека Русија вели дека бунтот немал никакво влијание врз нејзината операција во Украина, Киев рече дека немирите понудиле „прозорец на можности“ додека ја спроведуваат долгоочекуваната контраофанзива.
Соединетите држави и нивните сојузници се воздржаа од коментари додека официјалните лица чекаа да видат како ќе се одвива бунтот.
Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија поради загриженоста дека контролата на Путин врз земјата со нуклеарно оружје може да се лизне.
Пред падот на Пригожин, руските редовни сили ја започнаа, како што рече регионалниот гувернер, „контратерористичка операција“ за да го запрат напредувањето на „Вагнер“ на север по главниот автопат за Москва.
Во главниот град, градоначалникот ги повика московјаните да останат дома и понеделникот го прогласи за неработен ден. Оваа мерка остана на сила и по договорот за заминување на Пригожин.
Во центарот на градот е зголемено обезбедувањето, а вооружени лица во панцири ја чуваат зградата на парламентот. Црвениот плоштад е затворен за јавноста.
„Не знам како да реагирам. Во секој случај, многу е тажно што се случува ова“, изјавила 35-годишната Јелена за AFP, несакајќи да го каже своето презиме.
Одговарајќи на предизвикот во телевизиското обраќање во саботата, Путин го обвини Пригожин за „убод во грб“ што претставува закана за самиот опстанок на Русија.
„Сите внатрешни превирања се смртоносна закана за нашата државност и за нас како нација. Ова е удар за Русија и нашиот народ“, рече Путин, повикувајќи на национално единство.
„Преголемите амбиции и личните интереси доведоа до предавство“, рече Путин, мислејќи на Пригожин, кој почна да ја гради својата база на моќ како ресторан.
Друг сојузник на Путин, чеченскиот челник Рамзан Кадиров, рече дека испратил свои војници да помогнат во задушувањето на бунтот на „Вагнер“.\