Расположението на потрошувачите во Германија се влошило во јуни, одразувајќи ги процените за слабеењето на куповната моќ и потклекнувањето на економијата под притисокот со зголемените трошоци за задолжувањата, покажаа податоците на групата за истражување на пазарот GfK.
Очекувањата на граѓаните за примањата, а особено за економијата, повторно се влошени во последниот период, утврдиле во GfK во студијата за состојбите во потрошувачката во текот на месецот кој минува.
„Моменталното движење на расположението на потрошувачите повторно покажува зајакната несигурност. Тоа, меѓу другот, се гледа и во повтореното јакнење на склоноста кон штедење во текот на овој месец“, вели Ролф Буеркл, стручњак за потрошувачи на GfK.
Во изминатите осум месеци расположението на германските потрошувачи се поправало од месец в месец, но во јунската анкета на GfK првпат по повеќе месеци се прогнозира лесно влошување.
Континуирано високата инфлација во најголемата европска економија, којашто во моментов изнесува 6 отсто, „забележително ја нагризува куповната моќ на граѓаните и ја спречува приватната потрошувачка да пружи позитивен придонес“, вели Буеркл.
Меѓутоа, како што додава тој, инфлацијата забавува, што би можело да сигнализира подобри денови.
Врз расположението на потрошувачите, исто така, влијае и судирот во рамките на владејачката коалиција околу предложениот закон за греење на домаќинствата, кој предвидува замена на системот со погон на фосилни горива на еколошки прифатлив.
Загриженоста поради потенцијалните почетни трошоци на новите системи за греење ги кочи вложувањата во другите области, наведуваат GfK.
Домаќинствата опфатени со анкетата очекуваат послаба куповна моќ оваа година, имајќи ја предвид непопустливо високата инфлација што зголемувањето на платите нема да го надомести.
Значително се попесимистични и во прогнозите за економијата, имајќи го предвид континуираното зголемување на клучните каматни стапки во еврозоната.
Германската економија навлезе во рецесија во првиот годинешен квартал, којашто се одразуваше и во резултатите на еврозоната, а Европската централна банка (ECB) порачува дека сѐ уште не завршила со подигањето на каматните стапки, и покрај слабеењето на активностите.
Истражувачката група, чиешто седиште е во Нинберг, објавува месечни истражувања за расположението и потрошувачката на германските граѓани. GfK секој месец спроведува анеката меѓу приближно 2.000 граѓани за потребните на истражувањата за расположението на потрошувачите. Резултатите се замени од од неговото истражување „Consumer Climate MAXX“ кое што го нарачала Европската комисија.