Расправа во Хрватското собрание, чиј е Тесла

Предлогот на хрватското Собрание за прогласување на Национален ден на Никола Тесла се претвори во расправа за тоа на кого му припаѓа овој голем научник.

Дневник.хр кој расправата ја следи од минута во минута, потсетува на иницијативата да се прогласи Национален ден на Никола Теска која ја поднесоа тројца пратеници.

Нивниот предлог го поддржа и Владата на Хрватка, со дополна дека Денот на Тесла треба да биде Национален празник-Ден на наука, технологија и иновации.

Откако иницијаторите го образложија својот предлог, расправата доби друг тек посебно откако се спомена рушењето на споменикот на Теска во Лика.

Пратеникот на Самостојната демократска партија Милорад Пуповац изјави дека споменикот на тесла во Госпич не е срушен затоа што ја изумил струјата туку затоа што бил Србин.

Тој додаде дека прашањето за Никола Тесла е прашање кое се однесува на Србите во Хрватска.