Дваесет и четиригодишен маж од скопското село Арачинови е повреден откако по расправија во четвртокот вечерта бил избоден со нож.
Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 21,30 часот кога Л.Н. од село Арачиново пријавил дека на улица „11″ се сретнал со А.Н., при што започнале расправија.
Во еден момент А.Н. со нож го прободел Л.Н. неколкупати. На оштетениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”.