Вербална расправија прераснала во пресметка со куршуми вчера на улицата „Ордан Чопела“.
Четириесет и дветгодишниот М.З. испукал еден куршум и му нанел тешка повреда во пределот на десното стопало на четириесет и четиригодишниот Ш.Р.
Повредениот е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Од страна на СВР-Скопје извршен е увид, како и разговор со М.З. и се преземаат мерки за целосно расчистување на настан.