Во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Џеват Селами одржа работен состанок со Комисијата за одобрување на набавката на противпожарна опрема за единиците за гасење пожари.
– Главната тема на состанокот беше распределбата на ново-набавената противпожарна опрема, што вклучува 20 термални камери и 80 изолациони – дишни апарати. Оваа опрема е од витално значење за заштита и спасување при пожари, особено во урбаните средини, нагласуваат од ДЗС.
Според соопштението, распределба на опремата е следната: Дирекција за заштита и спасување – 3 термални камери за тимовите за брз одговор, Град Скопје – 4 термални камери и 20 изолациони апарати, општините – Битола – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Куманово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Тетово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Прилеп – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Велес – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кавадарци – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гевгелија – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Струмица – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кичево – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Охрид – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Кочани – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Штип – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гостивар – 1 термална камера и 4 изолациони апарати.
– Оваа инвестиција значително ќе го подобри капацитетот на противпожарните единици во земјата, овозможувајќи им на пожарникарите подобра заштита при справување со пожари. Термалните камери ќе помогнат за побрзо лоцирање на извори на пожар, а изолационите апарати ќе обезбедат сигурност при работењето во задимени и токсични средини, се додава во соопштението.
Распределбата е направена според потребите на секоја општина и ќе се продолжи со напорите за модернизација со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и пожарникарите низ целата држава.
На состанокот, како што информираат од ДЗС, присуствувале претседателот на Комисијата Димче Митевски, членот на Комисијата Агрон Бафтијари од ДЗС, како и претставници на ЗЕЛС – членови на Комисијата градоначалниците на општините Штип и Радовиш, Иван Јованов и Ацо Ристов.