Целата лимитирана линија златни патики, која ја лансираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е распродадена, како што е наведено на официјалната веб-страница на една од неговите компании.
Патиките „Never Surrender“ (Никогаш не се предавај) беа пуштени во лимитирани количини. На страницата се забележува дека биле пуштени само илјада чифта, секој со свој единствен број, а десет случајно избрани патики носат автограм на поранешниот американски претседател.
На патиката аплицирани се и американско знаме и буквата „Т“ на јазикот и на страните од обувката.
Патиките чинат 399 долари. На еден клиент му беше дозволено да купи најмногу три чифта.
На истата веб-страница може да се купате и парфеми и други модели на патики.