Раст на цените на златото, паладиумот и алуминиумот

Цените на златот, паладиумот и алуминиумот пораснаа во четвртокот на меѓународните пазари по руската воена интервенција во Украина, што ги поттикна ивеститорите да се насочат кон сопствености кои се сметаат за сигурни засолништа на капиталот во кризните времиња.

Цените на златото пораснаа утрово на физичкиот пазар за 1,8 отсто на 1.941,50 долари за унца, а накусот го достигна и највисокото ниво од минатогодишниот јануари од 1.948,77 долари. Во терминските договори на американскиот пазар беше повисока за 1,7 отсто и изнесуваше 1.943,20 долари.

„Златото претставува сигурно засолниште за вложување, како и американскиот долар, и денеска е неговиот ден. Неговата цена би можела да достигне нова рекордно ниво“, вели за Reuters Џефри Хали од OANDA.

Од почетокот на февраури цената на златото порасна за околу 8 отсто, имајќи предвид дека кризата околу Украина го намали апетитот на инвеститорите за ризични капитали. Драговениот мета би можело месецот да го заклучи во најголемиот плус од јули 2020 година.

Русија е третиот според обемот произведувач на злато во светот, а руската компанија „Норникел“ е голем прозиводител и на паладиум и на платина.

Цената на пладиумот порасна утрово на физичкиот пазар за 3 отсто, на 2.557,23 долари за унца, а накусо го достигна највисокото ниво од август 2021 година.

Цената на платината, пак, порасна за 1,5 отсот, на 1.108,04 долари за унца, а среброто поскапе за 2,1 отсто, на 25,04 долари за унца.

Истовремено во четвртокот цената на алуминиумот во текот на трегувањето на Лондонската берза на метали (LME) го обнови својот историски максимум, откако се искачи над плафонот од 3.400 долари за тон. Така, во 10,45 часот, со алуминиумот се тргуваше по 3.443 за тон.