На европските берзи во среда во пртпладневното тргување владее позитивно расположение, под влијание на зајакнатите очекувања дека американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) ќе ги намали каматните стапки во септември по објавените слаби податоци од американскиот пазар на труд, како и очекувањата дека Европската централна банка (ECB) утре ќе ги намали каматните стапки во еврозоната .
Паневропскиот STOXX 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,5 отсто, закрепнувајќи од вчерашната загуба. Сите главни европски секторски индекси пораснаа, предводени од растот од 1,7 отсто во малопродажниот сектор, бидејќи акциите на „Inditex“, сопственикот на корпорацијата „Zara“, пораснаа за 4,7 отсто, како резултат на подобрите од очекуваните податоци за продажбата во првиот квартал.
Истовремено, франкфуртски DAX зајакна 0,59 отсто, на 18.515 поени, лондонскиот Ftse индекс за 0,29 отсто, на 8.255 поени, а париски CAC за 0,52 отсто, на 7.979 поени.
Благодарение на акцијата „Indetex“, шпанскиот берзански индекс IBEX го надмина растот на берзата во регионот и порасна за 0,76 отсто.
На Волстрит ден претходно најважните индекси благо пораснаа, а на азиските берзи повеќето регионални индекси беа во позитива, откако податоците покажаа дека бројот на отворени работни места во САД се намалил во април, што сигнализира слабост на пазарот на трудот. Ова го зајакна уверувањето на инвеститорите дека Fed ќе започне циклус на олабавување на монетарната политика во септември.
Во меѓувреме, фокусот на инвеститорите е на одлуката на ECB за клучната каматна стапка во четврток, при што се очекува трошоците за позајмување да паднат за 25 базични поени од сегашното рекордно ниво од 4 отсто.