Раст на извозот од 6,8 отсто

Во првите четири месеци од годинава извозот на стоки достигна над две милијарди долари што е раст од 6,8 отст, објави Државниот завод за статистика. При тоа,
вредноста на извезената стока изнесува 2,3 милијарди долари, а вредноста на увезената стока е 3,1 милијарда долари. Увозот во првите четири месеци од годинава во однос на тој период лани бележи пораст од 5,1 отсто.

Трговскиот дефицит во периодот јануари – април 2019 година изнесува 775.853 илјади американски долари, а покриеноста на увозот со извоз е 75,1 отсто.
Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица,  со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот, пак, најзастапени биле платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба. Земјава најмногу во овие месеци тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.