Раст на температурите кон 40 степени

На првиот ден од летото во Македонија ќе преовладува уште потопло време и насила портокалова фаза за опасност од висока температура на целата тертироија на земјата.

Ќе преовладува претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 13 до 21, додека максималната дневна соодветно ќе достигне меѓу 33 и 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 39 степени.