![rabotnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/rabotnici-scaled.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Во вториот квартал годинава, најновата членка на еврозоната Хрватска забележала највисок раст на номиналните трошоци за работна сила за час меѓу земјите од Европската унија, повеќе од трипати посилно од европскиот просек, според извештајот на Eurostat објавен во понеделникот.
Во еврозоната, номиналните часовни трошоци за работна сила во вториот квартал се зголемија за 4,7 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, покажуваат календарски приспособените податоци на Eurostat. Во првите три месецa од годинава беше повисок за пет отсто, покажуваат ревидираните податоци. На ниво на ЕУ показателот пораснал за 5,2 отсто во периодот од април до јуни, по растот од 5,5 отсто во претходните три месеца, потврди заводот за статистика.
Трошокот за платите во еврозоната се зголемил во пролетниот квартал за 4,5 отсто, а трошоците за придонесите за 5,2 отсто. Истовремено, во ЕУ трошокот за латите пораснал за 5,1 отсто, а за придонесите за 5,4 отсто, покажуваат табелите на заводот за статистика.
Најмногу во еврозоната и во ЕУ пораснале вкупните трошоци за трудот во градежниот сектор за 5,3, односно 5,8 отсто. Потоа следува индустријата, со пораст на трошоците за трудот за 4,8 отсто во зоната на примена на заедничката европска валута и за 5,3 отсто на ниво на Унијата. На трето место е услужниот сектор со пораст од 4,5 односно 4,9 отсто.
Најмногу во вториот квартал пораснале номиналните трошоци за плати и придонеси во Хрватска, за 17,6 отсто во однос на истиот период од 2023 година. Во првиот квартал се зголемени, според ревидираните податоци, за 15,8 отсто. Номиналните трошоци за плати се повисоки за 17,6 отсто во вториот квартал во однос на истиот период лани, а трошоците за придонеси се повисоки за 17,8 отсто, покажуваат податоците на Eurostat.
Веднаш до Хрватска е Бугарија, со раст на вкупните трошоци за трудот од 15,4 отсто, а блиску е Романија, каде што е зголемена за 15 отсто. Двоцифрени стапки на раст се забележани и во Унгарија и Полска, соодветно 13,2 и 13 отсто и Латвија и Литванија од околу 11 отсто, покажуваат податоците на Eurostat.
Најблаго, пак, пораснале трошоците за трудот во Белгија и во Финска, за 2,6 оносно за 21, отсто.