Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во понеделникот, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на технолошките гиганти, кои предводеа во однос на растот целата оваа година.
Индексот Dow Jones зајакна 0,16 отсто, на 42.906 поени, додека S&P 500 порасна за 0,73 отсто, на 5.974 поени, а индексот Nasdaq за 0,98 отсто, на 19.764 поени.
Во мирното предбожикно тргување немаше позначајни вести кои би можеле да влијаат на пазарот.
Растот на индексот главно се должи на растот на цените на акциите т.н. „Седумте величествени“ технолошки акции. Цените на акциите на „Meta Platforms“, „Nvidia“ и „Tesla“ пораснаа меѓу 2,3 и 3,7 отсто, по што следат цените на „Apple“, „Amazon.com“, „Microsoft“ и „Alphabet“ со нешто поблаг раст.
Ова е вообичаената „шминка“ на портфолиото на крајот на годината, кога инвеститорите ги купуваат оние акции кои најмногу пораснале во текот на годината.
Историските податоци покажуваат дека од 1969 година, S&P 500 пораснал во просек за 1,3 отсто во последните пет дена од годината и првите два дена од новата година, период кој популарно се нарекува „Подемот на Дедо Мраз“.
Од почетокот на оваа година, индексот Dow Jones порасна за околу 13 отсто, S&P 500 за околу 25 отсто, а индексот Nasdaq за повеќе од 30 отсто.
Ваквиот силен раст е благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, намалувањето на каматните стапки на американската централна банка Fed и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи се очекува тој да придонесе за растот на економијата со своите политики и да спроведе дерегулација во неколку области.
А на повеќето европски берзански индекси вчера паднаа. Сепак, лондонски FTSE зајакна за 0,22 отсто, на 8.102 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,18 отсто, на 19.848 поени, а париски CAC 0,03 отсто, на 7.272 поени.