Во март годинава во однос на март минатата година индустриското производство бележи раст од 8,9 проценти.
Гледано по сектори индустриското производство е зголемено за 15,4 проценти во „Преработувачката индустрија, а е намалено во секторот „Рударство и вадење камен“ за 7,5 проценти и за 14,2 проценти во „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите за производство на прехранбени производи, пијалаци, облека, на други неметални минерални производи, машини и уреди, неспомнати на друго место, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки
и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март годинава, во однос на март минатата година, бележи пораст кај “Интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,2 проценти, „Капитални производи“ за 63,6 проценти и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4 проценти, а опаѓање бележи кај „Енергија“ за 19,9 проценти и кај „Трајни производи за широка потрошувачка“ за 26,8 проценти.