Раст од 15,4 отсто во септември на прометот во индустријата на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, во септември годинава, во однос на септември минатата година, е зголемен за 15,4 проценти, објави деенска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември година, во однос на септември лани, бележи пораст кај Капитални производи за 39,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5 проценти.

Податоците на ДЗС покажуават дека прометот во индустријата, вкупно, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, бележи раст од 12. проценти, а за 16,4 проценти во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период од минатата година.

Според ДЗС, прометот во индустријата бележи раст од 10 проценти на домашниот пазар, во септември годинава, споредено со септември лани. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7, 3 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 15 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември во однос на август година,ва е со арст од 4,1 отсто, додека во периодот јануари – септември година, во однос на истиот период лани периодот зголемувањето изнесува 12,4 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари,пак, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, е зголемен за 16,7 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 40,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 процент, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,8 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,2 проценти.

Како што наведува ДЗС, прометот во индустријата на странските пазари, во септември во однос на август годинава е со раст од 13,7, проценти, односно 17,2 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани.