Акциите на најголемото кинески погребално претпријатие и погребни услуги „Fu Shou Yuan International Group“ кои се излистани на берзата во Хонгконг, пораснале на највисокото ниво по повеќе од една година, а аналитичарите тој раст го поврзуваат со ублажувањето на мерките за справување со епидемијата на Covid-19 што ја зголемило смртноста, пишува CNBC.
Акциите го достигнале највисокото нови оваа година, и тоа откако последните два месеца пораснале за вкупно 80 отсто, истовремено со укинување на повеќето строги кинески мерки за контрола над ширењето на Covid-19. Поради тоа во Кина остро со зголеми бројот на заболените, и следствено на смртните исходи.
Пред тоа, акциите на „Fu Shou Yuan International Group“ од април 2021 до октомври 2022 година биле во континуиран пад. Тоа беше во периодот кога Кина за многу ги заостри ограничувањата во справувањето со ширењето на коронавирусот.
И покрај зголемените извештаи за раст на смртните исходи од Covid-19 заедно со оптоварувањето на болничкиот систем, како и на погребните претпријатија, кинеските службени податоци за смртните исходи од оваа болест ги вклучува само пациентите кои умираат од воспаление на белите дробови или респираторно затајување. Тоа е спротивно од повеќето други земји, кои ги бележат сите смртни случаи на лица заразени со коронавирусот и за кои смета дека влијаел Covid-19.
Покрај тоа, кинеското Национална здравствена комисија, фактички министерството за здравство, во текот на изминатиот викенд објави дека ќе го запре објавувањето на новите случаи на зарази на дневно ниво.