Двајцата бомбаши самоубијци кои се разнесоа во пекото во текот на традиционална молитва во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар убија досега 56 луѓе а уште 194 други се ранети, според најновните податоци кои ги пренесуваат светските агенции.
Убивајќи полицајци од обезбедувањето, напаѓачите се прибиле во џамијата во Пешавае и се разнеле во преполната главна одаја на храмот, изјавил за агенцијата DPA, полицискиот функционери Харун Тахид.
Бројката на загинатите би можела да биде и повисока од 56 лица, бидеќи многумина од повредените се во критична состојба, изјавил за Reuters Мохамад Асим, портпаролот на најголемата болница во градот „Lady Reading Hospital“, каде што се пренесува повеќето од жртвите.
Билал Фаизи, од спасувачката служба во Пешавар, изјавил дека спасувачите, полицијата и доброволците ја завршиле потрагата под урнатините.
Џамијата се наоѓа во густо населена шиитска населбна во центарот на градот, и жртвите се главно муслимани шиити, изјави очевидец.
Друг очевидец, кој се наоѓал во главната одаја за пакистанската телевизија Dunya изјавил дека видел како две момчиња влетале во џамијата и почнале да пукаат неселективно пред да одекнат експлозиите.
„Викаа Алаху Акбар (Господ е голем) и потоа одекна голема експлозија. Се крена чад и сите врескаа. Потоа видов неколку тела како лежат врз други и река крв која се слева по подот“, рекол сведокот.
Засега ниедна група не ја презема одговорноста за нападот, но и пакистанските талибани и терористите на џихадистичката Исламска држава претходно напаѓаа џамии во Пакистан, особено оние кои ги посетуваат припадниците на шиитското малцинство коешто припаднциите на двете радикални суниски групации ги сметаат за отпадници од исламот.
Насилството во Пакистан е во пораст, откако ланскиот август по повлекувањето на САД и НАТО силите во соседен Авганистан на власт се врати радикалното исламистичко движење Талибан.
Пакистанските талибани се засебна групација во однос на авганистанските талибани и во Пакистан ги засилија нападите против безбедносните сили и цивилите. Според пакистанските власти, оваа групација дејствува од пограничните региони на Авганистан, каде што се префрлија откако беа потисната од нивните упоришта во планинските паштунски региони на Пакистан со низата офанзиви на пакистанската армија.
Околу 80.000 Пакистанци се убини во насилствата кои ги изведуваат ултрарадикалните суниските групи како Ал-Каеда, Талибан и Исламската држава.