Расте бројот на невработени во Германија

Бројот на невработените лица во Германија во јуни годинава се зголемил за околу 4.000 во однос на претходниот месец, и достигна 2,727 милиони, објави во петокот Федералната агенција за труд. Стапката на невработеност остана непроменета во однос на мај на 5,8 отсто.

Во споредба со пред една година, има за 172.000 повеќе невработени, пренесува агенцијата ДПА. Бројот на луѓе без работа во јуни, поради сезонската работа, најчесто опаѓа. Овој тренд опадна во последните години поради ковид пандемијата, а потоа и поради украинските бегалци во Германија. Но, оваа година, сепак, зголемениот број на невработени се припишува исклучиво на економските фактори.

„Слабоста на пазарот на труд продолжува“, изјави претседателката на Агенцијата Андреа Налес. „Сезонски приспособените бројки за невработеноста значително се зголемија во јуни. Економијата е воздржана во отворањето нови работни места“, рече Налес.

https://www.facebook.com/v16.0/plugins/page.php?adapt_container_width=true&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df440ee2378c593ee8%26domain%3Dlokalno.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Flokalno.mk%252Ff80bca0d844f67d33%26relation%3Dparent.parent&container_width=340&hide_cover=false&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F%25D0%25A1%25D0%25BA%25D0%25BE%25D0%25BF%25D1%2598%25D0%25B5-%25D0%25B2%25D0%25BE-%25D1%2581%25D1%2580%25D1%2586%25D0%25B5-%25D1%2582%25D0%25B5-%25D0%25BD%25D0%25BE%25D1%2581%25D0%25B0%25D0%25BC-100333208150249%2F&locale=en_US&sdk=joey&show_facepile=true&small_header=false&tabs=&width=