Расте бројот позитивни и починати од коронавирус, активни близу 12.000 случаи

Секојдневно е во пораст бројот на починати како последица од коронавирусот, a во изминатото деноноќие беа евидентирани 32, од кои најмладиот на 32 години од Делчево, додека Владата во вторникот на седница ги дополни важечките антиковид-мерки. Донесена е одлука нашите граѓани кои по 1-ви септември ќе влегуаат во државата да поминат седум дена во карантин доколку немаат една од трите медицински потврди како негативен PCR-тест или серификатите за вакцинација односно за прележан Covid-19.

Во четвртокот ќе бидек почно година и половина откако во Македонија беше дијагностициран првиот случај на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2 (26-ти февруари 2020-та) и почетокот на епидемијат. Бројката заразени оттогаш достигна 170.412 лица, оздравени се 152.916, а 5.727  пациенти починаа.

Статистиката од вторникот  бележи 1.210 новозаразени што го зголеми дополнително бројот  активни случаи. Нив ги има 11.769 низ државата, повеќе од третина (4.150) се во Скопје. Четирицифрени активни случаи има и во Тетово (1.911) и Гостивар (1.494), висок е бројот и во Куманово (768), Кичево (560), Струмица (554) и Струга (353), а над двесте имаат Охрид (294) и Битола (213).

Рестриктивните мерки го зголемија интересот за вакцина – заклучно со понеделникот вакцина примиле 674.510 граѓани, од кои со две дози односно целосно имунизирани се 503.401. За да се намалат метежите и редиците во здравствените домови, најдоцна утре, како што викендот најави министерот за здравство Венко Филипче, повторно ќе се отвори пункт во А1 Арена „Борис Трајковски“ со 20-ина места за вакцинација.

Владата вчера на седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на Covid-19, според кои се дозволуваат спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30 проценти исполнетост на капацитетот на просторот, а на отворено до 50 отсто од капацитетот, со почитување на антиковид-протоколите и поседување сертификат за најмалку прва доза примена вакцина или сертификат за прележаност на коронавирусот, но не постар од 45 дена од денот на оздравувањето.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти во затворените делови на угостителските објекти и во објекти од затворен тип. За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни, задолжително е приложување сертификати за примена вакцина и за прележан Covid-19 не постар од 45 дена, за лица над 18-годишна возраст. Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од моловите.

За друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000, со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните Covid-19 документи.

Од 1 септември домашните и странските државјани ќе може да влезат во државата доколку на граничниот премин приложат сертификат за примени две дози вакцина или сертификат за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, или со негативен резултат од PCR-тест направен 72 часа пред влез во земјава. Нашите граѓани кои ќе немаат ниту една од трите потврди, ќе поминат седумдневен карантин домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјава без овие документи, пак, ќе треба да ја напуштат за пет часа, со тоа што изјавата што ќе ја потпишат на влез ќе ја покажат на граничната контрола на излезот од државата.