Осум лица загинаа, а 10 се повредени во пукање во синагога во Ерусалим, соопшти денеска израелското Министерство за надворешни работи.
Маген Дејвид Адом од израелската служба за спасување соопшти дека стрелецот бил неутрализиран на местото на настанот и дека некои од повредените се во критична состојба.
Израелската полиција го опиша како „терористички напад“ и рече дека се случил во синагога во Неве Јаков, која Израелците ја сметаат за соседство во Ерусалим, додека Палестинците и поголемиот дел од меѓународната заедница сметаат дека е окупирана земја.
Палестински групи го поздравија нападот, но не презедоа одговорност.
– Видовме жена и четворица мажи како лежат на патот. Тие се здобиле со прострелни рани и немале знаци на живот. Моравме веднаш да ја потврдиме нивната смрт – изјавил доктор Фади Декидек за „Џерусалим пост“.
Престрелката во еврејската населба Неве Јаков уследи по смртоносниот напад на израелската армија во четвртокот на Западниот Брег во кој загинаа девет Палестинци, а десетина подоцна беа убиени северно од Ерусалим, пренесува АП.