Расте бројот на загинати во пожарот во караоке бар во Виетнам

Најмалку 23 лица загинаа во пожарот што избувна во трикатен бар за караоке во јужен Виетнам. Во пожарот се повредени десетици луѓе, јави ДПА.

Бројот на загинати се искачи од 12 на 23 откако уште 11 жртви беа пронајдени во јагленосаната зграда во градот Туан Ан, кој се наоѓа на околу 50 минути од градот Хо Ши Мин.

Лекарите во болницата Ан Фу соопштија дека примиле околу 40 повредени лица, од кои 12 со сериозни повреди, а еден човек има трауматолошка повреда на мозокот.

Полицијата соопшти дека им помогнала на 22 лица да избегаат од зградата преку балкон.

Вработените во караоке барот се обиделе да го изгаснат пламенот но не успеале. Пожарот брзо се проширил низ зградата, зафаќајќи над 400 метри квадратни на вториот и третиот кат и ги заробил и вработените и посетителите внатре.

Очевидци рекоа дека пожарот брзо се проширил низ звучната изолација која е од пена и дрвените панели кои веднаш се запалиле и ги блокирале излезните патишта. Многу луѓе излегле на балкон и скокнале од вториот кат, од околу осум метри височина.