По направените тестирања на Геронтолошкиот завод во Скопје, бројката на пациенти заразени со коронавирус се искачи на 15.
Според информациите на ТВ24, денеска резултатите покажале нови 10 позитивни.
Вчера беа регистрирани петмина пациенти и тројца вработени во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје кои се позитивни на Ковид 19.
Пациентите кои се повозрасни и се лекувале таму пројавиле симптоми. Сите се пренесени на лекување на Инфективната клиника и во Ковид центарот во Козле.