Во Тетово, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 17 лица. Од Институтот за јавно здравје велат дека вирусот се шири заради непочитување на препораките на Владата, за одржување социјална дистанцирање и собирање на граѓани пред банки, продавници и пазари. Од Институтот велат дека доколку граѓаните продолжат да ги игнорираат мерките, тие ќе бараат дополнителни мерки од владата.
Во Тетово, уште еден полицаец е позитивен на коронавирус, додека 20 се во 14 дневна изолација.
„СВР Тетово веднаш ги презеде сите мерки со извршување на целосна дезинфекција на зградата и внатрешните простори на СВР. Сите колеги кои биле во директен или индиректен контакт со колегата биле контактирани, и биле принудени да останат изолирани во своите домови. Зборуваме за 20 колеги, кои направиле епидемиолошки анализи и во моментот сите се покажале како негативни, но се очекува да помине времето на инкубација“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Од друга страна, кризниот штаб на општина Тетово, вели дека продолжува дезинфекцијата, особено влезовите на зградите, институциите каде што повеќе луѓе се собираат и на улиците. По зголемувањето на бројот на заразени лица, општина Тетово пред неколку дена изјави дека не ја исклучува можноста за построги мерки, со цел заштита од ширењето на вирусот.