Расте бројот на жртви во Јабланица, се трага по пет исчезнати лица

Расте бројот на жртвите од поплавите во Босна и Херцеговина. Досега се пронајдени 15 тела, а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица. Машините се на терен и тие се неопходни за ваков тип на интервенција, а бидејќи има многу наноси од камен, тие многу тешко се движат.

Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачка екипа со 12 возила – наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите, пренесуваат босански медиуми.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина досега резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.