Расте бројот смртни исходи и зарази од коронавирусот, 24 починати и 999 новозаразени за 24 часа

Во последеното деноноќие во Македонија преку 3.627 тестирања на примероци регистрирани се 999 нови случаи на зараза со коронавирусот, а пријавени се вкупно 24 починати лица, од кои најмладата жртва од компликациите предизвикани од Covid -19 e на 46годишна возраст.

Со последните показатели, вкупната бројка на потврени зарази со коронавирусот од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.

Возраста на 24-те нови жртви се движи меѓуи 46 и 80 години, и тоа: пет пациенти од Прилеп, од Скопје – четворица , од Кавадарци – тројца, по две починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Половина од вкупниот брот новозаразени е од Скопје – 539, а следат Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 8, од Ресен и Делчево – по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница – по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 50464, активни 5941

Прилеп 6166, активни 805

Куманово 6030, активни 418

Тетово 5817, активни 359

Гостивар 4089, активни 292

Кавадарци 3906, активни 638

Штип 3844, активни 191

Велес 3782, активни 314

Битола 3754, активни 321

Охрид 3621, активни 455

Струмица 2929, активни 205

Струга 2530, активни 161

Кочани 1991, активни 150

Кичево 1835, активни 57

Неготино 1618, активни 403

Гевгелија 1515, активни 297

Свети Николе 1153, активни 41

Крива Паланка 981, активни 133

Ресен 894, активни 96

Дебар 806, активни 12

Радовиш 784, активни 42

Делчево 771, активни 49

Берово 713, активни 66

Пробиштип 597, активни 46

Виница 542, активни 23

Валандово 417, активни 45

Крушево 381, активни 113

Богданци 346, активни 65

Кратово 303, активни 23

Демир Хисар 303, активни 41

Демир Капија 291, активни 58

Македонски Брод 261, активни 9

Пехчево 200, активни 13

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 101, активни 5