
Расте бројот на косовски државјани кои бараат азил во Германија. Според статистиката на Федералната канцеарија за миграција и бегалци во февруари евиденирани се 7.728 Косовци кои аплицирале за азил, што е двојно поголема бројка од онаа во месец јануари годинава, кога имало 3.630 апликанти. Во декември лани за азил во Германија аплицирале 1956 Косовци, пренесува МИА.
Раст забележува и бројот на азиланти од Албанија: Во декември за азил аплицирале 940, во јануари 1648, а во февруари 1.794 албански државјани.
Во текот на месец февруари во Германија за азил аплицирале вкупно 26.083 лица што е за 132,5 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле регистрирани 14.863 азиланти.