![zoltica1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/zoltica1.jpg?resize=510%2C280&ssl=1)
Бројот на заболени од жолтица во Штип расте. Во штипската болница хоспитализирани се вкупно 22 лица.
Неколку училишта веќе побарале дезинфекција на објектите и на санитарните јазли. Епидемиолозите апелираат дека доколку не се изврши дезинфекцијата може да се случи и тивка епидемија.
Минатата година во истиот период во Штип од жолтица се хоспитализирани само двајца, а во 2012 година немало ниту еден пациент со ваква дијагноза.