Цените на нафтата на светските пазари се зголемија и минатата недела, втора недела по ред и се движат на повисоко ниво, побрзо и од крајот на 2014 година, кога барел нафта достигна и 120 долари. Ова се случува откако Саудиска Арабија побара повисоки цени на „црното злато“.
На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела порасна за два проценти поточно 75,05 долари, додека пак на американскиот пазар барел поскапе за 1,5 отсто, на 68,40 долари. Растот на цените на највисоки нивоа од 2014 година е последица на пораките дека Саудиска Арабија сака раст на цените до 80 па и до 100 долари за барел, што е протолкувано како знак дека Ријад не сака да се менува договорот на ОПЕК за намалување на производсвото, и покрај доближувањето до зацртаните цели.