Сите дневни весници во неделата ги посветија насловните страници на Махса Амини и повеќе од милиони луѓе на социјалните мрежи и оддадоа почест на 22-годишната жена која починала во притвор каде била притворена од верската милиција за зачувување на моралот поради кршењето на прописот за носење на муслиманската покривка за женската глава хиџаб.
Амини починала во петокот, откако паднал во кома по приведувањето во главниот град Техеран, што повторно ги врати во фокусот правата на жените во Исламската Република Иран.
Полицијата ги отфрли сомневањата дека младата жена бипа претепана поради што паднала во кома, и наведува дека само се струполила додека чекала заедно со другите приведени жени.
Речиси сите дневни весници во Техеран во неделата излегоа со фотографија на Амини на насловните страници, пренесува агенцијата AFP.
„Јавноста е вознемирена и гневно поради она што се случи со Махса Амини“, објави реформскито весник Etemad и додава дека нацијата е „повеќепати констатираше дека милицијата за моралот прибегнува кон насилство“.
За настаната трагедија пишуваат и провладините и опозициските и конзервативните весници, но во некои се наведува и дека станува збор за ширење лаги кои полицијата ги демантирала со објавување на снимката на која жената се струполува.
Агенцијата Reuters се повикува на снимки од чија автентичност сепак се оградува, пренесувајќи дека стотици демонстранти се собрале во неделата кај Техеранскиот универзитет извикувајќи „Жена, живот, слобода“.
Според исламскиот закон кој се практикува во Иран, жените се обврзани да ка прекриваат косата со шамија, а оние кои нема да го сторат тоа во јавноста им се закануваат приведување и казни. Но последните месеци активисти за човекови права ги повикуваат жените да го отфрлат хиџабот и покрај прописите на милицијата за зачувување на моралот којашто ги приведува за „неморално однесување’ во јавноста.
Персискиот хаштаг #MahsaAmini достигнал 1,63 милиони на Twitter во неделата попладнето, пишува Reuters.
Амини потекнувала од курдскиот дел на Иран, а приведувањето се случило во Техеран каде што пристигнала со своите родители. Во саботата е одржан протест во Курдистан каде се изведуваат повремено терористички напади врз припадниците на иранските сили, особено како и при нејзиниот погреб во градот Сакез. Полицијата ги растурила протестите во овој град, пренесува Reuters повикувајќи се на информации од чија автентичност повторно се оградува.
Пратеникот Бехзад Рахими за полуофицијалната новинска агенција ILNA изјавил дека неколку лица биле ранети на погребот, а едно од нив било хоспитализирано бидејќи било рането во стомакот. Курдската група за човекови права Hengaw наведува дека 33 лица се повредени во Сакез.
Многу ирански филмски работници, уметници, спортисти, политичари и лица од верски кругови, во земјата а особено во странство го изразиле својот гнев на социјалните мрежи, пренесува AFP.
Поранешниот реформистички претседател Мохамад Хатами ги повикал властите „да ја прекинат практиката спротивна на законот, логиката и шеријатското право“, како и одговорните да ги „изведат пред суд“.
„Куранот јасно им забранува на верниците со сила да ги наметнуваат вредностите кои тие ги сметаат за вера и морал“, напишал големиот ајатолах Асадолах Бајад Занджани.
„Махса денеска е пожива отколку што сме ние самите, бидејќи сме заспани, не реагираме на таа бескрајна свирепост, ние сме соучесници во ова злосторство“, објави режисерот Асгар Фархади, двоен Оскаровец за најдобар странски филм.
„Косите на нашите девојки сега се прекриени со мртовечки покров“, напишаа неколку играчи на националната фудбалска репрезентација во заедничка објава на Instagram.
„Ако тоа се муслимани, Боже направи ме неверник“, напиша Сардар Азмух, фудбалер на германскиот Баер Леверкузен.
زنان سقزی حجاب از سر برداشتند#مهسا_امینی pic.twitter.com/lqA6Y8OKEx
— Kianoosh Sanjari (@Sanjaribaf) September 17, 2022