Расте интересот за вакцинација, вчера вакцинирани близу 17.000 лица

Строгите рестриктивни мерки за невакцинираните изгледа даваат резултати. Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани.

Со последните бројки, 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Денеска во две смени ќе работат вакциналните пунктови во Ѓорче Петров, Букурешт, Бит пазар, Чаир и Јане Сандански, а таму граѓаните во секое време можат да се имунизираат до 19.30 часот. Пунктовите во Драчево, Шуто Оризари и Ченто, работат во една смена, до 15 часот.