Расте јавниот долг на земјата, над 5 милијарди евра

За три месеца јавниот долг се зголемил за дополнителни 40 милиони евра и сега изнесува 5 милијарди и 252 милиони евра.

Меѓутоа, она што загрижува е што задолжувањето расте побавно од растот на бруто домашниот производ (БДП), па процентуално јавниот долг е помал за 2,3 процентни поени и заклучно со март изнесува 46,2 отсто од бруто домашниот производ.

Според фискалната стратегија, јавниот долг до 2020 година треба да се зголеми на 6,5 милијарди евра, односно да надмине 53 отсто од БДП-то.