Расте незадоволството во СДСМ, по Спасовски и Каевски седницата на ИО ја напуштил и Богоев

И актуелниот потпретседател на СДСМ и директор на царинската управа Стефан Богоев денеска си замина од седницата на која што се разговараше за пратеничките листи на СДСМ за изборите на осми мај, дознава Курир.

Инаку претходно седницата на Извршниот одбор на владејачката партија демонстративно ја напуштија поранешниот технички премиер и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски. На оваа седница се разговара за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, а според најавите од партијата тие требаа да бидат соопштеми во саботата вечерта..

Претходно во сработата телевизијата Клан ТВ соопшти дека според нивните сознанија  атмосферата на е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.