Вработеноста во Европската унија во последните три месеци од минатата година била во благ пораст од 0,1 отсто во однос на претходниот квартал.
Во последното тримесечје од минатата годна, вработеноста во евро зоната стагнираше, додека во целата унија е зголемена за 0,1 отсто, соопшти агенцијата за статистика на Европската унија, “Евростат“.
Во споредба со истиот период во 2012-та година, вработеноста во евро зоната во последното тримесечје од 2013-та е намалена за 0,5 отсто,а во ЕУ 0,1 отсто, додека во третиот квартал во евро зоната била пониска за 0,8 отсто, а во ЕУ за 0,3 отсто.
„Евростат“ проценува дека во последниот квартал од минатата година во ЕУ имало 223,6 милиони вработени, од кои 145 милиони во евро зоната.
Меѓу земјите членки на евро зоната, за кои што „Евростат“ има податоци, најголемиот тримесечен раст на вработеноста е забележан во Литванија, и тоа од еден отсто. Потоа следат Ирска и Португалија со раст на вработеноста од по 0,7 отсто.