Растот на економијата во првиот квартал од годинава достигна 4,1 отсто. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во орбраќање пред пензинерите на Републичка ревија на песни музика и игри 2019 година.
„Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на пладне на прес конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што расте вработеноста“,рече премиерот Заев.
Податоците за БДП во првиот квартал ќе ги објави вотекот на денот Државниот завод за статистика.