Зголемувањето на минималната плата ќе значи сериозен удар врз текстилната индустрија, предупредуваат од секторот, кој и онака едвај опстојува.
Маријана Перковска за Алфа вели дека фирмите немаат застанато на здрави нозе од претходното покачување и стравуваат дека со најавениот нов раст дел од конфекциите особено оние со помал обем ба работа ќе стават клуч на врата.
Газдите се жалат дека иако им било ветено дека за растот на минималната плата Владата ќе помогне во покривање на трошоците на фирмите, тоа до сега не се случило.
Бизнисмените велат дека воопшто не биле консултирани. Од Организацијата на работодавачи велат дека пред да се најави покачување на платите, Владата мора да се консултира со стопанството.
Претходно и од Светска банка предупредија дека евентуално покачување на минималецот ќе ја продлабочи сивата економија и ќе ја зголеми стапката на невработеност.