Растот на производствените цени во Германија во јули го достигнал новото највисоко ниво откако бирото за статистика пред повеќе од 70 години почнало да ги објавува податоците, поттикнат првенствено од континуирано силното поскапување на енергенсите.
Производствените цени пораснале во јули за 37,2 отсто во однос на истиот лански месец, по скокот од 32,7 отсто во јуни, извести во петокот Destatis. Економистите, пак, предвидуваа дека растот благо ќе забави.
Станува збор за највисока стапка на раст од 1949 година кога почна објавувањето на податоците, истакнуваат од статистичкото биро.
И во јули двигател на растот на производствените цени биле енергетскиот сектор, чиишто цени се удвоени поради скокот на цените на природниот гас и на електричната енергија.
Кога би се исклучиле енергенсите, производствените цени би биле повисоки за 14,6 отсто.
Двоцифрената стапка на раст бележеле и секторот за интермердијарни производи од 19,1 отсто, секторот за нетрајни потрошувачки добра од 16,2 отсто, како и секторот на производи за широка потрошувачка од 10,9 отсто. Производствените цени на капитални добра, пак, пораснале за 8,3 отсто.
И месечното споредување покажува силен забрзување на растот на цените кои во јули пораснале за 5,3 отсто во однос на јуни кога беа зголемени за 0,6 отсто.