Растурена блокадата на мостот во Канада

Мостот „Амбасадор“ ќе биде повторно отворен подоцна во неделата по локално време откако полицијата ги растера демонстрантите против ковид-мерките кои веќе шест дена го блокираат сообраќајот на мостот, објави висок американски функционер.

„Нашата национална економска криза на мостот Амбасадор денеска е завршена“, објави на Twitter во неделата на градоначалникот на Виндзор, Дрју Дилкенс.

Канадската полиција, врз основа на судски налог од петокот, во неделата привеле неколку лица, ги растерала демонстрантите и ги отстранила возилата кои го болкирале сообраќајот на мостот „Амбасадор“ во градот Виндзор, во покраината Онтарио.

Блокадата на мостот ги запре снабдувањето на автомобилската индустрија во американски Детроит, поради што компанијата „Ford Motors“, вториот најголем американски производител на автомобили, како и на „General Motors“, како и во корпорацијата „Toyota Motors“ дојде до намалување на производството.

„Канадските власти планираат денеска повторно да го отворат мостот Амбасадор откако се извршени сите потребни безбедносни проверки“, изјави во писмена изјава која ја цитира Reuters Лиз Шервуд-Рендал, советничка на Белата куќа за внатрешна безбедност.

Полицијата во Виндзор објави во неделата дека неколку лица се уапсени, но не ја наведе точната бројка, како и дека се запленети возилата коишто се користени во протестот.

Во неделата полицијата ги зголемила своите сили со повеќе од 50 возила, вклучително и автобуси и блиндирани автомобили, а бројот на демонстранти е намален на околу 45 додека во саботата ги имало околу 100. Полицијата на Виндзор објави на Twitter дека важи правилото „нулта толеранција за незаконските активности“.

Откако демонстрантите од понеделникот со камиони, автомобили и комби возила го блокираа сообраќајот во двете насоки, канадскиот премиер Џастин Трудо му вети на американскиот претседател Џо Бајден брза акција за завршување на кризата.

Канадскиот судија така во петокот нареди прекинување на блокадата на мостот, инаку најфреквентниот копнене граничен премин во Северна Америка. Околу 40.000 луѓе секојдневно минуваат преку овој мост и се превезуваат стоки во вредноста од 323 милиони американски долари.

Блокадата канадската автомобилска индустрија ја чинела стотици милиони долари, тврди здружението на произведувачите на автомобилски делови во поднесокот до судот од 10-ти февруари. Според податоците на компанијата „IHS Markit“, процени дека штетата за автомобилската индустрија изнесува дури 850 милиони долари.

Протестите се проширија на три гранични премина, вклучително и во покраините Алберта и Манитоба. Канадската полиција наведува дека протестите делумно ги финансирале проврзаници од САД, поради што властите на покраината Онтарио во четвртокот ги замрзнаа средствата донирани преку американската платформа GiveSendGo.

Во канадската престолнина Отава контрадемонстрантите, со жителите коишто по долготрајните демонстрации го загубиле трпението, понаа да ги блокираат возилата кои се обидувале да се прудружат на протестите кои веќе трета седмица го блокираат центарот на градот

Канадското движење наречено „Конвој на слободата“, започнат пред повеќе од петнаесет дена, беше во почетокот насочено против одлуката со којашто на возачите на камиони мора да се вакцинираат доколку сакаат да ја минат границата со САД. Но набрзо се претвори во протест против епидемиолошките мерки воведени во пандемијата на коронавирусот и против владата на премиерот Џастин Трудо.

Канадските протести ги инспирираа демонстрантиет да организираат случни блокади со конвои и во САД, на Нов Зеланд, Австралија, во Франција и во Белгија.