
Ратко Младиќ (73) на кого во Хаг му се суди за воени злосторства во Босна и Херцеговина се бори за живот, пренесува српски „Курир“.
На поранешниот командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска здравствената состојба значајно се влошила, а му се заканува и опасност од мозочен удар.
На Младиќ му е парализирана десната страна од телото, едвај оди и говори. Има висок крвен притисок и шеќер, многу ослабнал и лошо изгледа. Потребно е лекарите итно да го прегледаат, а неговата одбрана бара тоа да го сторат руски експерти, вели извор за весник од Хаг.
Синот на Ратко, Дарко М ладиќ потврди дека здравствената состојба на неговиот татко е влошена и дека му е потребна здравствена нега.