Македонскиот ракометен селектор Раул Гонзалес пред мечот со селекцијата на неговата татовина Шпанија вели дека на теренот не постојат пријатели.
„Нема сентименталности и емоции. Ако имаме шанси да ги победиме 15 гола разлика ќе го направиме тоа. Верувам дека и Алекс и Кање би ја искористиле истата можност. Спортисти и професионалци сме. Секој сака да победи. На терен нема пријатели“, вели македонскиот селектор во изјава за Спортмедиа.
„Мора да функционираме како досега, како екипа. Таквата обединетост не красеше до сега и не донесе до тука до каде што сме. Ако продолжиме така и понатаму можеме далеку да стигнеме”.