РФМ денеска преку соопштение информираше дека Раул Гонзалез веќе не е селектор на Македонија. Како главна причина се наведува неговата работа во Франција поради која не може тековно да ги следи случувањата во нашиот ракомет.
Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, г. Раул Гонзалез, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.
Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.
Би сакале да му се заблагодариме на „Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, стои во соопштението на РФМ.