
Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата за претстојниот дуел со Германија во рамките на 3.коло од Ц-групата на Европското првенство во Хрватска.
– Победивме квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Задоволен и среќен сум што двата дуела ги решивме во последните минути. Сега за сега сите се добри, но ќе знаеме како е кога ќе бидеме на тренинг попладнево. Секако дека добро ќе се подготвиме за Германија тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето. Треба да играме до крај и само така ќе стигнеме до посакуваниот резултат.
Македонија и Германија ќе играат утре од 18:15 часот.