![sverc](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/sverc.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Полицијата во Грција спречила шверц на цигари, со што била разбиена голема криминална група, која се занимавала со увоз, извоз и трговија на огромна количина цигари наменети за црниот пазар во Грција и Бугарија.
Како што јави БТА, шверцуваните цигари биле пренесувани со комиони, најчесто во вечерните часови, при што биле користени и „извидувачи“ со цел да бидат избегнати полициски патроли.
Цигарите во Грција најчесто пристигнувале по морски пат, по што биле дистрибуирани во Атина, Солун, во областите на северна Грција, како и во Бугарија.
Мрежата функционирала во текот на целата 2015 година, при што според полицијата, биле прошверцувани преку 110 милиони парчиња цигари.
При полициската операција, спроведена во Атина, Солун, Бер и Серес, биле уапсени 29 членови на криминалната група, меѓу кои и двајцата лидери – етнички Грци по потекло од Грузија .
Со шверцот групата и нанела штета на Грција од околу 19 милиони евра на име неплатени царини и даноци.
При претресот на становите биле запленети над 15 милиони парчиња шверцувани цигари, електронска опрема, мобилни телефони, какои и шест товарни возила и десет автомобили, кои биле користени за транспорт на шверцуваната стока.