На 28 ноември 2018 година во 12.35 часот во една од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи влегол и познатиот разбојник Адмир Муратај, потпишал барање за издавање нов македонски пасош, се фотографирал, оставил отпечаток од прст и за два дена станал македонски државјанин со украден идентитет на Пајтим Муча, пишува порталот МКД.
Како што јавува МКД, пред да дојде во Македонија, по Муратај имало веќе распишана меѓународна потерница од Интерпол, Атина за убиство на полицајци, вооружени грабежи, употреба на експлозиви.
На Муратај ова му било 15-от документ со лажен идентитет.