Во понеделникот во 09:30 часот на подрачјето на Бит пазар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит пазар го лишиле од слобода 26-годишниот С.Ј., за кого имало локален распис.
Тој се барал во врска со кривично дело „разбојништво“ во обид, извршено на 16.11.2021 во подземна гаража на станбен и деловен комплекс.
С.Ј. е приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.